На 05.01.2026 година во 22:30 часот на улица ,,Мурат Бафтијари“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(27) од с.Гајре, кој бил пријавен дека во угостителски објект го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на маси во објектот. При преземање на службени дејствија од страна на полициските службеници, А.И. продолжил со агресивното однесување и нападнал полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.









