Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Две големи европски сили потврдија – Ќе испратиме војници во Украина

by Redakcija
07.01.2026
in Свет

Франција и Велика Британија ја потврдија намерата да распоредат свои војници на украинска почва по евентуалното прекинување на огнот, како дел од пакетот безбедносни гаранции за Киев. Гаранциите беа договорени на состанокот на „Коалицијата на волјата“ во Париз, на кој присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според договорот, мултинационалните сили ќе бидат позиционирани „далеку од линијата на контакт“ на воздух, море и копно и ќе обезбедат заштитени објекти за оружје и воена опрема. Турција ќе се приклучи со поморска поддршка, а САД ќе предводат високотехнолошки систем за следење на прекинот на огнот.

Гаранциите предвидуваат и правно обврзувачка помош за Украина во случај на нов руски напад, слично на принципот на колективна одбрана од Член 5 на НАТО. Придонесот на секоја земја ќе зависи од одобрување на националните парламенти. Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека Германија не исклучува можен придонес, додека шпанскиот премиер Педро Санчез најави почеток на преговори за учество на Шпанија.

„Има отворена врата 2026 година да стане годината кога ќе заврши војната. Ова е многу добра вест“, рече Санчез, истакнувајќи дека Европа никогаш не ја сакаше оваа војна.

Next Post

Дали американските војници ќе го освојат Гренланд? - Европа реагира

Косово добива моќно оружје од Турција

Препорачани Вести

Доколку имате заштеда во евра, ова се најдобрите вести за вас

Доколку имате заштеда во евра, ова се најдобрите вести за вас

10 months ago

Wolt во Македонија – како глобалната апликација ја менува навиката за нарачување

2 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.