вторник, март 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Хаос поради снегот: аеродромите и патиштата во Белгија и Холандија блокирани

by Redakcija
07.01.2026
in Свет

Снегот кој од изминатата ноќ паѓа во Белгија и Холандија создаде дебела снежна покривка и предизвика сериозни застои на патиштата и прекини во авиосообраќајот.

Во Белгија на патните правци се формираа колони долги околу 800 километри, а возилата се движат многу бавно прилагодувајќи ја брзината на условите на патиштата, кои се прекриени со снег и мраз.

На аеродромот „Зевентем“ во Брисел откажани се 20 полетувања и 20 слетувања, а стотици патници ја поминаа ноќта во аеродромската зграда. Тимовите на аеродромот работат на расчистување на пистите и авионите од снег и мраз.

Белгискиот Кралски метеоролошки институт прогласи портокалов метеоаларм за зимски услови за целата територија, предупредувајќи на голомразица, особено во централните и источните делови на земјата. Максималните температури ќе се движат од минус 5 до околу 5 степени, со умерен до засилен ветер со налети до 65 километри на час.

И во Холандија, проблемите со сообраќајот се големи – на патиштата се бележат застои, откажани се возови, а во некои градови не сообраќаат автобусите на јавниот превоз. На амстердамскиот аеродром Схипхол се откажани најмалку 800 летови, а над илјада патници ја поминаа ноќта во аеродромскиот комплекс. Холандската Влада им препорача на граѓаните да работат од дома доколку е тоа можно.

Related Posts

Почина Нито Сантапаола, познатиот бос на Коза Ностра

Почина Нито Сантапаола, познатиот бос на Коза Ностра

03.03.2026
Напад со дронови врз американската амбасада во Ријад

Напад со дронови врз американската амбасада во Ријад

03.03.2026
trump

Трамп тврди: Американските резерви на муниција се неограничени за долготрајни операции

03.03.2026
Амбасадата на САД во Кувајт затворена поради регионалните тензии

Амбасадата на САД во Кувајт затворена поради регионалните тензии

03.03.2026
Превентивниот напад врз Иран беше неопходен поради заканата кон американските сили, соопшти Рубио

Превентивниот напад врз Иран беше неопходен поради заканата кон американските сили, соопшти Рубио

03.03.2026

(ВИДЕО) Иран го демонстрира хиперсоничното оружје Фатах-2?

02.03.2026

Препорачани Вести

nevreme

Медитеранската бура Хари предизвика хаос: Сицилија и Малта поплавени, урагански ветрови и драматична евакуација

1 месец ago

32-годишна жена нападната од партнерот во Градски парк во Скопје

1 недела ago

Популарни Вести

  • Ваучери од 28.000 денари за инвертери во 2026: Отворен повикот на МЕРМС за компаниите за бела техника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Регистриран нов земјотрес утринава во северозападниот дел на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетово почувствува краток земјотрес од 2,2 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена од Скопје пријави вознемирување и закани од поранешен партнер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суво и сончево време со температури до 20 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.