Македонската машка ракометна репрезентација пристигна во Швајцарија, каде што ја продолжува завршната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство. Во рамки на подготовките, националниот тим ќе учествува на меѓународниот турнир „Жолтиот куп“.
На турнирот, македонските ракометари ќе ги одмерат силите со селекциите на Бахреин, домаќинот Швајцарија и Украина. Натпреварите ќе послужат како важна проверка на формата и воигрувањето на тимот пред почетокот на континенталниот шампионат.









