Friday, January 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Изјавите од Софија покажуваат дека барањата не се сведуваат само на Уставот

by Redakcija
07.01.2026
in Македонија, Топ Вести

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тврдењето на бугарското Министерство за надворешни работи, според кое „наместо македонски јазик постои достапен јазик“, само ги потврдува ставовите на македонската Влада дека барањата од Софија не се ограничени единствено на внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Тој истакна дека ваквите позиции од бугарска страна не го изненадуваат и дека уште од самиот почеток било јасно оти станува збор за пошироки условувања поврзани со идентитетските прашања.

„Ова не треба да го чуди никого. Се потврдуваат тезите дека не е само Бугарите во Устав, туку обид за целосно редефинирање на македонскиот идентитет“, изјави Мицкоски по денешната Божиќна литургија во Соборниот храм во Скопје.

Премиерот нагласи дека, и покрај актуелните политички разлики, ова се денови кога е потребно обединување и заеднички настап за прашања од национален интерес. Тој упати повик до опозицијата да застане во одбрана на македонскиот идентитет и националните позиции.

Воедно, Мицкоски изрази жалење што претходната влада, како што рече, прифатила ултиматум од источниот сосед, што довело до застој во евроинтеграцискиот процес, но додаде дека сè уште постои можност за заеднички и усогласен пристап во одбрана на државните интереси.

Next Post

Дали конечно ќе дојде крај на блокадите: Грчката Влада со пакет мерки за земјоделците

Хуман гест за Бадник: Млад велешанец подели 900 оброци на социјално загрозени граѓани

Препорачани Вести

Димитриеска – Кочоска: Позитивните економски сигнали од ЕК го потврдуваат забрзаното закрепнување

2 months ago
Важни информации за возачите во Македонија: Еве каде во моментов има најмногу гужва и каде најмногу се чека за влез и излез од државата

Важни информации за возачите во Македонија: Еве каде во моментов има најмногу гужва и каде најмногу се чека за влез и излез од државата

5 months ago

Популарни Вести

  • „Господ нè сочува“ –  Семејствата од Тетово останаа без дом по уривањето на потпорниот ѕид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поплавен кејот во Велес, Вардар над јануарскиот просек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БОЖИНОВСКА: 2025 – ГОДИНА НА РЕД, СТАБИЛНОСТ, РАЗВОЈ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Швајцарската полиција го приведе сопственикот на изгорениот бар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина жената прегазена во центарот на Скопје – Возач избегал по ударот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.