Thursday, January 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски најавува лидерска средба за реформските закони и техничката Влада

by Redakcija
07.01.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос. Главни теми на средбата ќе бидат консензус за реформските закони и укинување на техничката влада.

Во божиќното интервју за ТВ Алфа, Мицкоски изјави дека очекува сите лидери на парламентарните коалиции да ја прифатат поканата, а дневниот ред може да биде дополнет од другите учесници.

„За правобранителот да разговараме. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава можеме, особено кога пред нас е целта за Европската Унија, да разговараме отворено за темите каде што немаме дијаметрално различни ставови. Законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија и од Канцеларијата на Европската комисија. Ајде да седнеме и да разговараме“, рече Мицкоски.

Во врска со техничката Влада, премиерот истакна дека пред минатите избори СДСМ изјавиле дека таа повеќе не е потребна. Мицкоски нагласи дека сегашната Влада има широчина потребна за суштински реформи, но за дел од нив е потребен консензус.

„Пред овие избори раководството на СДСМ велеше дека тие се за укинување на техничката Влада, да видиме дали стојат на тој став. Јас не би сакал да влегувам во такви измени без консензус, затоа што мислам дека такви промени во политичкиот систем треба да се носат со согласност на сите“, додаде Мицкоски.

Извор: Курир.мк

Next Post

Германскиот пазар на труд под притисок: Невработеноста се искачи на 6,2%

Словенија „најдосадна“ земја на Балканот

Препорачани Вести

Таткото на Јахоски во драма со полицијата: Се повикувал на пратенички имунитет и не отварал врата!

10 months ago

Изет Меџити честита Фитр Бајрам: Нашата заедничка работа ќе ги донесе своите плодови

9 months ago

Популарни Вести

  • Австрија ги зголемува платите во градинките: воспитувачите со најмалку 3.170 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за корисници: Google Gemini сè поблиску до ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малолетничка жртва на тешка сексуална злоупотреба и уцени – истрага против најмалку 17 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германскиот претседател: Политиките на САД го туркаат светот во хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Протестанти во Техеран се упатуваат кон резиденцијата на врховниот лидер (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.