Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода четворица лица на различни локации, поради поседување и трговија со дрога. Меѓу приведените се А.К. (31), Б.А. (73) и А.Н. (46) од Скопје, како и М.М. (26) од Берово.
Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.









