Thursday, January 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Поплави во Охрид и Кичево: дел од населението евакуирано

by Redakcija
07.01.2026
in Македонија

Според Центарот за управување со кризи, состојбата на поголемиот дел од територијата на Северна Македонија е стабилна и без нарушувања, соопштуваат надлежните. Во Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема излевање на реки, а општинските служби ја следат состојбата.

Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Штип – нема пријавени поплави или одрони.

Меѓутоа, во Охрид се пријавени поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации, а Општина Охрид и Кризниот штаб постапуваат по пријавите. Во Кичево, поплавени се стамбени објекти на ул. „Прилепска“, а на терен се екипи на Општина Кичево, ДЗС, Црвен крст и ЈКП „Комуналец“ за евакуација на загрозените жители.

Во Струга е пријавен одрон на патот с. Татеши – с. Мислодежда, а ЈП „Македонија пат“ ги презема мерките за санација. Во Тетово и Гостивар има одрони и излевања на реките Вардар, Лукавичка и Сушичка, со поплави на земјоделско земјиште и дворови. Во Боговиње, поради излевање надвор од каналите, е поплавено обработливо земјиште.

Во Битола и Ресен е саниран одрон кај с. Сирхан, а во с. Дрмени се поплавени два двора. Врнежите продолжуваат, а надлежните институции континуирано ги следат водостоите на реките и состојбата на теренот.

Извор: 4news.mk

Next Post

САД запленија руски танкер поврзан со венецуелска нафта

Мицкоски најавува лидерска средба за реформските закони и техничката Влада

Препорачани Вести

Поранешен украински политичар убиен во атентат во Мадрид

Поранешен украински политичар убиен во атентат во Мадрид

8 months ago
Дневен хороскоп за четврток – 13 март

Дневен хороскоп за сабота – 15 март 2025

10 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Вистински промени за Гостивар и Врапчиште со Невзат Бејта и Зулхајрат Демир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се огласија од КОМОДИТА по страшниот пожар во нивната фабрика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија започна со победа во „Жолтиот Куп“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милановиќ: „Хрватска нема да испраќа војници во Украина“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Илјадници нови вработувања во Тајната служба на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.