На 07.01.2026 година во 03:40 часот на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, пред дискотека, полициски службеници од СВР Тетово ги приведоа С.С.(18) и Т.Д.(18), двајцата од Тетово, А.Ј.(18) од с.Челопек, општина Брвеница и малолетник од Тетово, кои биле пријавени дека го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.








