Малолетник од Скопје и уште две лица се уапсени затоа што биле агресивни кон полицајци на должност.
– На 08.01.2026 во 02:45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа 53-годишната В.Ц., С.Ц.(45) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.










