Австрија донесе одлука за зголемување на платите на вработените во приватните градинки, при што наставниот кадар добива покачување од 3,5%, а помошниот персонал од 3,7%, пренесува австриската новинска агенција АПА.
Со новата одлука, минималната плата за воспитувачите во градинките изнесува 3.170 евра, додека помошниот персонал ќе заработува најмалку 2.216 евра месечно. Одлуката е донесена од Федералното биро за решавање на работни спорови при Министерството за социјални работи.
Според официјалните податоци, околу 41% од установите за згрижување деца во Австрија – вклучувајќи градинки, јасли и групи за мали деца – се приватни, односно се под управување на општински или градски власти. Колективниот договор за работа, сепак, опфаќа само дел од вработените во овие установи.
Синдикатите и Федералното биро за трудова арбитража секоја година водат преговори за утврдување на минималните плати за останатиот персонал. Синдикатот на вработените во приватниот сектор (GPA) оцени дека последното зголемување ќе придонесе за подобрување на куповната моќ на работниците.










