Црвениот крст на Република Северна Македонија организира итна хуманитарна помош за граѓаните на Кичево погодени од поплавите. Во соработка со локалните власти, екипи на Црвениот крст и волонтери на терен доставуваат храна, вода, материјална помош и основни средства за хигиена до погодените семејства.
Во рамки на акцијата се распределуваат околу 110 пакети со најнеопходни производи, како и покривки, облека и други основни потреби за евакуираното население. Екипите исто така обезбедуваат хуманитарна поддршка и техничка помош за правилна распределба на помошта.
Граѓаните кои сакаат да придонесат можат да уплатат донации на сметката на Црвениот крст наменета за поплавите во Кичево:
Сметка: 300000001327966
Банка: Комерцијална банка
Назначение: Помош за населението погодено од поплавите во Кичево
Црвениот крст апелира до граѓаните за солидарност и нагласува дека сите донации ќе бидат искористени исклучиво за помош на погодените семејства. За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефон +389 23 114 355 или преку e-mail: mrc@redcross.org.mk.










