Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладнето го видел поранешниот вицепремиер на Македонија и бегалец од правдата, Артан Груби во Приштина.
Како што стои во текстот на косвскиот медиум, екс-функционерот, кој е во бегство од декември 2024 година и е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави, се преселил во област недалеку од центарот на косовскиот главен град, во придружба на две деца.
Како што изјавил изворот на медиумот, Груби носел зимска јакна, спортска облека и капа, а пуштил и брада.
Покрај Груби, македонската полиција сè уште го бара и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами.










