Празничниот мир и семејната идила во белградската населба Звездара беа брутално прекинати со ечат на истрели, откако 16-годишниот Д.П. посегна по животите на своите најблиски, а потоа се обиде да си пресуди и себеси.
Зад затворените врати на семејниот дом, празничната атмосфера ескалирала во крвав пир, а мотивот бил сума од 18.000 евра. Според неофицијални сознанија од истрагата, малолетникот ладнокрвно побарал огромна сума пари од своите баба и дедо. Кога неговото барање било одбиено, тинејџерот го извадил оружјето и започнал да пука.
Билансот на овој безумен чин е застрашувачки: Дедото З.П. (68), со тешка прострелна рана директно во главата, итно е префрлен на Военомедицинската академија (ВМА). Неговата состојба е критична и лекарите во моментов се борат за неговиот живот. Бабата С.П. (67) поминала со полесни повреди, односно прострелна рана во раката и моментално е во стабилна состојба. Напаѓачот, по нападот, го свртел пиштолот кон себе. Пронајден е во локва крв со повреди во пределот на стомакот и главата; неговата судбина исто така виси на конец.
Улицата каде што се случи трагедијата со часови наликуваше на филмска сцена. Силни полициски сили и форензички тимови го блокираа пристапот, додека инспекторите под вештачко светло ги прибираа доказите во обид да ги склопат коцките на овој незразбирлив злочин.










