Македонската ракометна репрезентација со победа го започна учеството на „Жолтиот Куп“ во Винтертур, Швајцарија.
Најефикасен ракометар беше Филип Кузмановски со 9 постигнати погодоци.
„Црвено-жолтите“ го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар. Во вториот дел Бахреин пружи поголем отпор, но избраниците на Кирил Лазаров рутински го привршија натпреварот.
Во второто коло од „Жолтиот Куп“ играме утре против Украина во 17:45.










