сабота, февруари 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Обилниот дожд предизвика поплави и уривање на потпорни ѕидови во Тетово

by Redakcija
08.01.2026
in Република

Обилните дождови предизвикаа сериозни штети во повеќе делови на земјата, со поплавени подруми, дворови, куќи, земјоделски површини и делови од инфраструктурата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Охрид и околината поплавени се подруми, дворови и неколку објекти, а дел од водотеците излеале. Локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, а екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат со отстранување на водата и санација на поплавените места.

Слични проблеми се регистрирани во Кичево и околните населби, каде што водата навлезе во подруми и на површината на некои објекти. Дел од жителите се евакуирани и сместени во привремени објекти со обезбедена храна и здравствена заштита. Поплавена е и дел од земјоделската површина, а локалните водотеци се делумно излеани. Општината и Црвениот крст Кичево обезбедуваат помош за погодените, додека ЈП „Комуналец“ и екипите на Итната медицинска помош интервенираат на терен.

Во регионот на Битола зголемените водостоји на реките предизвикаа локални излевања и поплави на куќи, дворови и земјоделски површини. Кризниот штаб организира активности за приоритетна санација, а механизацијата на општината работи на терен.

Во Тетово и околината пријавени се случаи на уривање потпорни ѕидови и локални излевања на водотеци. Полициски екипи вршат увид на местата, додека механизацијата на општината интервенира за чистење и санација на штетите.

Поплави се регистрирани и во Гостивар и околните населени места, каде што водата го поплави локалниот патен правец и дел од инфраструктурата. Екипите на ЈП „Комуналец“ работат на расчистување, а механизацијата на Водостопанство интервенира за чистење на свлечишта и отстранување на последиците.

ЦУК најавува дека состојбата се следи и дека екипите на локалните самоуправи и службите се на терен.

Извор: TВ21

Related Posts

„Чисто е убаво“: Прилеп се уредува – Комуналец со засилени активности за чистење и перење (ВИДЕО)

21.02.2026

Еден век мечкари: Прилеп со вековна традиција ја слави Прочка

21.02.2026

Се подготвува реконструкција на ОУ „Гоце Делчев“ во Битола

21.02.2026

Прилеп го започна карневалот „Прочка 2026“ – градоначалникот Проданоски порача дека ова е еден од најубавите денови за градот

20.02.2026

Ново научно дело на Светозаревиќ промовирано во Музејот на тетовскиот крај

20.02.2026

ПРИСТИГНА ПРВИОТ ШТРК ВО БОГОРОДИЦА – РАН ПРЕДВЕСНИК НА ПРОЛЕТТА

20.02.2026

Препорачани Вести

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

1 месец ago
Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

2 недели ago

Популарни Вести

  • Тензичен протест во Тирана: 17 уапсени, 35 под истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Околу 19.000 домаќинства во североисточна Словенија без струја поради снежното невреме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагична сообраќајка на патот кај Виница – загина 34-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Со силна динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.