Friday, January 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Придружник во домот: Согледување на “Samsung Bespoke AI 2026”

by Redakcija
08.01.2026
in Магазин

Раководството на “Самсунг“ (Samsung) за дигитални апарати ги истакна водечките иновации во индустријата и визијата за паметниот дом од иднината

Скопје, 8 јануари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) ја претстави својата визија за бизнисот со Дигитални Апарати (Digital Appliances – DA) со цел овозможување подобар живот, како и клучните стратегии што ја движат оваа иницијатива, за време на својата “Deep Dive“ сесија на “CES 2026“ во Лас Вегас, Невада. Претставувањето на визијата доаѓа во време кога глобалниот пазар на апарати за домаќинство се соочува со сè поголемата важност на вештачката интелигенција во поврзаниот начин на живеење.

Предводена од Чеолги Ким (Cheolgi Kim), Раководител на бизнисот со Дигитални Апарати, сесијата прикажа како “Bespoke AI“ апаратите на “Samsung“ се беспрекорно поврзани преку апликацијата “SmartThings“, еволуирајќи од обични уреди во „Придружници во домот“.

Овие уреди се опремени со “Bixby“ технологијата за препознавање глас, екрани и камери што им овозможуваат да гледаат, слушаат и разбираат за проактивно да одговараат на корисниците. Ова ги прави способни интелигентно да се приспособуваат на секојдневниот живот на корисниците. Истовремено, интелигентната адаптација досега и надвор од опсегот на апаратите за домаќинство, кон телевизорите и мобилните уреди, градејќи поширок “AI“ екосистем во кој уредите можат да ја исполнуваат улогата на вистински Придружници во домот.

„Крајната цел на ’Samsung’ е да овозможи подобар живот преку ’Bespoke AI’,“ изјави Чеолги Ким. „Преку нашиот обемен екосистем што ги поврзува уредите низ ’DX’(device experience) производите, вклучувајќи ги и мобилните телефони и телевизорите, како и уникатните развојни компоненти (form-factors) на нашите апарати, обезбедуваме диференцирани искуства за потрошувачите и создаваме поголема вредност преку тие искуства.“.

Регионални стратегии што го поттикнуваат глобалниот раст

За време на сесијата, Џеј-Ес Мун (JS Moon), Раководител на секторот за Истражување и Развој (R&D) во бизнисот за Дигитални Апарати, истакна како “Samsung“ го приспособува своето портфолио на апарати за 2026 година, за да ги задоволи потребите на регионалните пазари. Во Северна Америка, иновативни развојни компоненти како “Bespoke AI Laundry Combo“ продолжија да поттикнуваат силен раст. Покрај линијата со вештачка интелигенција, новите кујнски пакети со унифициран дизајн од не’рѓосувачки челик се очекува да ги задоволат локалните преференции во 2026 година.

Во Европа, енергетската ефикасност останува врвен приоритет. Samsung претстави високо ефикасни апарати, вклучувајќи ја машината за перење алишта “Bespoke AI“, која е до 65% енергетски поефикасна од минималните барања на класата A за енергетска ефикасност во Европа, напредни “HVAC“ решенија и вградени кујнски производи дизајнирани да ги исполнат строгите очекувања за одржливост.

Латинска Америка продолжува да бележи силен моментум предводен од решенијата за перење алишта и за климатизација, додека зголемениот интерес за екосистемите на паметни домови и локализираните “AI“ функции, како поддршката за регионални јазици и проширениот енергетски режим со вештачка интелигенција (AI Energy Mode), претставуваат голема можност за раст во Азија.

„Во Samsung се стремиме да испорачаме значајни искуства со вештачка интелигенција што се длабоко усогласени со локалните стилови на живот и потреби,“ изјави Извршниот Потпретседател Мун. „Како такви, ќе продолжиме да ги унапредуваме овие регионални функции и да ги прошируваме клучните “AI“ можности, како “AI Energy Mode“, кон поширок спектар на ценовни нивоа и типови на производи пошироко од премиум линиите.“.

Проширување на улогата на вештачката интелигенција во секојдневниот живот

Гледајќи напред, “Samsung“ ја реафирмираше својата посветеност на проширување пошироко од традиционалните апарати за домаќинство, во области како “HVAC“, модуларни домови, грижа базирана на осигурување, проширувајќи ја вредноста и значајноста на вештачката интелигенција и поврзаноста во нови аспекти од секојдневниот живот. Со комбинирање на отворена соработка, регионална приспособливост и долгорочна софтверска поддршка, “Samsung“ има за цел да им олесни на домаќинствата и да испорача “AI“ искуства што се практични, доверливи и длабоко усогласени со начинот на кој луѓето живеат.

Next Post
operacija

Жена од Словенија починала во Истанбул по липосукција: тешки симптоми и сомнежи за медицински пропуст

novi sad

Подметнат пожар на Божиќ пред католичката катедрала во центарот на Нови Сад, нема повредени

Препорачани Вести

Сè повеќе турски државјани аплицираат за македонско државјанство

2 weeks ago
Најмладиот син на Гадафи излезе од затвор после 10 години

Најмладиот син на Гадафи излезе од затвор после 10 години

2 months ago

Популарни Вести

  • zan noel barot

    Франција алармира: Политичкиот поредок на Европа во опасност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски во францускиот магазин „Дестинација Епинал“: Битола и Епинал – пријателство што трае повеќе од половина век

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Славески: Инфлацијата ќе се сведе на 2,5 проценти, економијата во подем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската ракометна репрезентација вечерва во дуел со Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинската Православна црква го слави седумгодишниот јубилеј на автокефалноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.