Нестабилното време продолжува да ја зафаќа земјата: облачноста ќе се менува во текот на денот, а на повеќе места се очекуваат краткотрајни, локални врнежи. Во повисоките предели снегот ќе биде почеста појава, додека во пониските краишта дождот ќе се меша со снег. Ќе дува северозападен ветер со умерен интензитет, кој повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час, дополнително засилувајќи го чувството на студ.
Главниот град ќе биде под влијание на слични временски услови. Скопје го очекува променлива облачност со повремен дожд, а кон вечерните часови и во текот на ноќта ќе се создадат услови и за појава на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од север, кој ќе донесе посвеж воздух и поизразено зимско расположение.









