Friday, January 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Сериозни поплави и одрони низ земјата – ЦУК на терен, граѓаните повикани на внимателност

by Redakcija
08.01.2026
in Македонија
vardar

Обилните врнежи кои ја зафатија Македонија синоќа предизвикаа сериозни пореметувања во сообраќајот и големи материјални штети низ повеќе градови и села. Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека се бележат излевања на реки, поплавени куќи, подруми и дворови, како и оштетувања на земјоделски површини. Од ЦУК апелираат граѓаните да пријавуваат проблеми на 112 и велат дека сите надлежни служби се на терен.

Во Кичево, поплави ги зафатија улицата „Прилепска“, а 60 лица беа евакуирани. На патниот правец Гостивар – Стража се регистрирале одрони, но сообраќајот се одвива нормално, додека на патот Тетово – Бањиче одроните го отежнувале движењето. Во близина на Балин Дол, излевањето на Вардар поплави 10 земјоделски парцели и неколку дворови, а влијаеше и врз производството на ХЕЦ Маврово.

Во селата Мало Турчане и Горно Бањице, излевањето на Лакавичка и Сушичка река предизвика поплави на земјоделско земјиште, додека локалната самоуправа се соочува со недостиг на соодветна механизација за расчистување. Во село Форино, дрво падна во коритото на Вардар, создавајќи ризик од поплава, а на патот Тетово – Бањиче се работеше на отстранување на свлечишта и одрони.

Битола и околината беа погодени од поплави, особено кај мостот во село Лера и во село Породин каде поплавата зафати живинарска фарма. Во Општина Ресен, дворови и земјоделски површини во селата Перово, Дремени и Долна Бела Црква беа поплавени, а во село Сирхан се отстрани одрон.

Охрид и околината бележат поплавени подруми, гаражи и дворови, а јавните претпријатија и локалната самоуправа интервенирале на терен. На патот Охрид – Пештани (кај хотел Гранит), како и во Струга (Татеши – Мислодежда, Дебар – Струга), е работено на расчистување одрони. Во Боговиње, пак, поплавено е обработливо земјоделско земјиште поради затекнат канал од изградбата на автопат, но нема загрозени домови.

Според УХМР, времето во следните денови ќе остане променливо и облачно, со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Засилен северен ветер и продор на постуден воздух ќе предизвикаат врнежите да преминат во снег на повисоките места, а на западните планини ќе се формира нова снежна покривка. Во некои пониски места исто така се очекува снег. Викендот ќе донесе локални врнежи од дожд и снег, кои на моменти ќе бидат пообилни, а температурите ќе бележат опаѓање.

Next Post
mickoski

Мицкоски: СДСМ и ДУИ го контаминираа правосудството со измени на Кривичниот законик

popova shapka

Повеќе градови низ Македонија под дожд и снег – Попова Шапка „замрзната“ со 31 сантиметар снег

Препорачани Вести

НАТО подигна борбени авиони над Балтик поради руски шпионски авион

4 months ago
ЕК го поздравува ставот на Путин дека Украина може да влезе во ЕУ

ЕК го поздравува ставот на Путин дека Украина може да влезе во ЕУ

4 months ago

Популарни Вести

  • Застрашувачки сцени низ целата земја: најмалку 45 загинати, луѓето стануваат сè понасилни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се качи на маса и направи хаос во Америка – ја запеа Македонско девојче, ги крена сите на нозе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Уште еден застрашувачки пожар вечерва, гори пазар за облека во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хорор во Скопје: Жена брутално нападната од поранешен партнер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Вистински промени за Гостивар и Врапчиште со Невзат Бејта и Зулхајрат Демир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.