Friday, January 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Скопјанка уапсена за измами со лажни огласи за станови во Тетово и резервации за хотели

by Redakcija
08.01.2026
in Црна Хроника

МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно дело „измама во обид“, при што е уапсена А.Ј. (23) од Скопје, осомничена дека преку социјални мрежи објавувала лажни огласи за издавање станови под наем во Тетово.

Според информациите од полицијата, откако ќе постигнела договор со оштетените лица, осомничената телефонски ги убедувала да извршат уплата на пари на нејзина сметка во банка или парите да ги испратат во коверт преку возач на автобус до Скопје. На овој начин таа стекнала противправна имотна корист.

Дополнително, А.Ј. измамила и едно лице кое уплатило пари за резервација на хотелско сместување во Охрид, кое никогаш не било обезбедено.

Во еден од случаите, по пријава на оштетено лице од Тетово, полициските службеници од СВР Тетово, во координација со Единицата за економски криминал, организирале контролирана испорака, при што преку возач на автобус било испратено празно плико. Откако осомничената дошла да го подигне пликото, таа била лишена од слобода.

Осомничената е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.

Next Post

Се претставил како лекар и зел 700.000 денари од 77-годишна штипјанка

Агресивно однесување кон полицајци: Уапсени тројца скопјани

Препорачани Вести

Вучиќ нарече новинарка на РТС „имбецил“, а потоа се извини

Вучиќ: „Америка воведува санкции за Нафтната индустрија на Србија – не очекува тешка зима“

4 months ago
Вака изгледа излезот од дискотеката „Пулс“ во Кочани

Продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во „Пулс“

2 weeks ago

Популарни Вести

  • poplava

    Кичево се бори со поплавите: Над 100 луѓе евакуирани, Црвениот крст и општината на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалничките избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се повторуваат – гласањето започнува утре за болните и затворениците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Финците се на врвот – најсреќната нација во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје го чисти градот: Казни, контроли и масовно отстранување отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француски политиколог ослободен од Русија по обвинение за шпионажа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.