Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, информира дека состојбата се следи под будно око, а сите релевантни субјекти и општествено одговорни фирми се активни и на терен.
Доставувањето на храна се одвива непречено и исклучиво преку Општина Кичево, во координација со Црвениот Крст – Кичево.
Јовановски апелира на смиреност, солидарност и одговорност, истакнувајќи дека во овој момент најважно е здравјето на луѓето. Тој најавува дека веднаш штом се создадат услови, ќе се преземат конкретни мерки за ваквите појави да бидат сведени на минимум.










