Денеска, граѓанин кој управувал со такси возило предизвикал оштетување на урбана опрема, вклучувајќи дрвја, столчиња и други предмети. Случајот ќе биде пријавен кај надлежните полициски органи, а Општинскиот инспекторат ќе излезе на терен за да направи записник и да ги преземе сите потребни мерки согласно законот.
Општината апелира до граѓаните за грижа и почитување на јавните добра и опрема, бидејќи тие претставуваат заедничка сопственост на сите.










