Во населбата 5 Мај во Тирана вечерва избувна голем пожар кој го зафати пазарот за употребувана облека, јавува Топ Ченел. Според новинарката на медиумот, Дорјана Безат, поради лесно запаливите текстилни материјали, пламенот е тешко да се стави под контрола.

Сите противпожарни сили на Тирана се на терен, додека дел од екипите кои беа ангажирани во Драч поради поплавите се повлечени. Поради сериозноста на пожарот, побарана е и помош од армијата, како и од пожарникарите од Елбасан и Вора. Засега нема информации за повредени лица.
Десетици пожарникари се борат со огнот, додека сопствениците на пазарот кои не се директно зафатени од пламенот, почнаа да ја извлекуваат стоката од своите продавници за да ја спасат од уништување.










