Градот Аомори, на најголемиот јапонски остров, е светски лидер по снежни врнежи, со просечни годишни врнежи од 7,9 метри снег. Дебелата снежна покривка ги покрива улиците од ноември до април, додека тротоарите се оградени со наноси снег и мраз што растат со секое чистење.
Освен Аомори, и Сапоро на островот Хокаидо се соочува со обилни снежни наноси – просечно 4,85 метри снег годишно. Градот е познат и по зимскиот фестивал Јуки Мацури, на кој се изложуваат монументални скулптури од снег и мраз.
На крајбрежјето на Јапонското Море, градот Тојами бележи просечни годишни врнежи од 3,6 метри снег. Метеоролозите објаснуваат дека обилниот снег е резултат на уникатната комбинација на клима, море и планини, а понекогаш врнежите продолжуваат со денови без престан.
Јапонија држи и светски рекорд за најголема длабочина на снег – на планината Ибуки во февруари 1927 година паднале 11,82 метри снег, рекорд што останува несоборен речиси сто години.










