Американската морнарица денеска заплени танкер во близина на Тринидад, во Карипското Море. Танкерот „Олина“ пловел под лажно знаме на Источен Тимор и претходно испловил од Венецуела пред повторно да се врати во регионот, каде бил пресретнат.
Ова е петта ваква акција на САД во изминатите недели, по неодамнешната заплена на танкер што пловел под руско знаме и бил поврзан со Венецуела. По соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери кои се под санкции да влегуваат или да ја напуштаат територијата на јужноамериканските земји-членки на ОПЕК.









