Македонската машка ракометна репрезентација забележа убедлива победа над Украина со 31-26 (13-17) на меѓународниот турнир во Швајцарија.
По потпросечно прво полувреме, во кое Украина замина на пауза со предност од 17-13, избраниците на селекторот Кирил Лазаров го сменија текот на натпреварот во вториот дел. Со одлични интервенции на голманот Галевски и серија од 6-1, Македонија дојде до водство од 19-18 во 39. минута. Во завршните 15 минути, македонските ракометари постепено ја зголемуваа предноста за конечен триумф.
Македонија стартуваше на турнирот со победа над Бахреин од 32-28, а во завршното коло ќе игра против домаќинот Швајцарија утревечер со почеток во 18 часот. Овој натпревар ќе биде последен контролен пред Европското првенство, каде во воведното коло на 16 јануари во Хернинг противник ќе им биде Данска.










