Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од работа, развој и сигурно управување.
Долна Баница ја препознава разликата меѓу оние кои работат и оние кои зборуваат многу, но не преземаат конкретни активности. Поддршката за Бејта не беше случајна, туку јасен став против измамата и стагнацијата.
Според Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, со Невзат Бејта овој правец е остварлив. Со јасен сигнал од Долна Баница, победата ќе биде на ВЛЕН и на градот Гостивар.









