Градежен работник од Дебар загина вчера околу пладне откако падна од зграда на која работел на улица Братство и Единство. Итната медицинска помош беше повикана на местото на несреќата и се обиде да го пренесе 40-годишниот С.К. во болница, но тој починал на пат кон здравствената установа.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција по нивна наредба. Увид извршила екипа од ОВР Дебар.









