Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во викендица кај Гостивар.
Двајца 30-годишни скопјани се пронајдени мртви во викендица во селото Горна Ѓоновица кај Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 8 јануари во 23:45 часот.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телата се испратени на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.










