На 09.01.2026 во 17:30 часот полициски службеници од ПО Камењане во центарот на с.Камењане ги лишија од слобода М.К.(21) и А.С.(19), двајцата од с.Боговиње. Кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.









