Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ЛДП: На Македонија не ѝ треба техничка влада, туку ефикасен систем

by Redakcija
10.01.2026
in Македонија

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја истакнува потребата лидерските средби да се фокусираат на суштински реформи, наместо на дебати за укинување или задржување на техничката влада. Според партијата, само такви состаноци можат да донесат конкретни решенија за подобрување на животот на граѓаните.

„Ние сме подготвени да учествуваме на лидерска средба, но не ако темата е само техничката влада, без одговори на клучните прашања кои го засегаат секојдневието на граѓаните. Дали ќе се намали цената на животот? Дали ќе добиеме почист воздух, повеќе средства од ЕУ или ќе се реши корупцијата? Ако не, тогаш темата е празна“, порачуваат од ЛДП.

Партијата го критикува и бавното спроведување на реформската агенда, истакнувајќи дека граѓаните се уморни од делумни изјави и ад-хок решенија кои не водат кон системски промени.

Моника Зајкова и нејзиниот тим предлагаат значително намалување на бројот на функционери: Македонија, според нив, не ѝ требаат 120 пратеници, туку 90, ниту 25 министерства, туку 15. Исто така, ЛДП бара намалување на бројот на членови на управни и надзорни одбори и заменици директори, со цел повеќе средства да останат во џебот на граѓаните.

„На Македонија не ѝ е потребна техничка влада, туку ефикасен, рационален и деполитизиран систем со една изборна единица, отворени листи и можност граѓаните сами да избираат кој ќе ги претставува“, се наведува во партиското соопштение.

ЛДП потенцира дека разговорите имаат смисла само ако се водат за вистински и суштински реформи, а сè друго би било губење време на сметка на граѓаните.

Next Post

Трамп ја оспори данската сувереност над Гренланд

Скопје: Приведена жена по агресивно однесување кон полицијата

Препорачани Вести

Падна голема група дилери во Скопје

8 months ago
Вучиќ: За десет години направив повеќе од Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Вучиќ: За десет години направив повеќе од Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

11 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.