Македонската ракометна репрезентација одигра извонреден натпревар против Швајцарија пред полна сала во Винтертур, со поддршка не само од домашните навивачи, туку и од голем број Македонци.
Слично како и на претходниот меч, нашиот тим имаше послаб старт во првото полувреме, но во вториот дел одигра одлично и имаше шанси за победа. На крајот, Марко Митев со впечатлив удар од под успеа да донесе нерешен резултат.
Со позитивни вибрации, македонската репрезентација сега патува кон Хернинг, каде што ја очекува дуелот со Данска на премиерата на Европското првенство.










