Општина Демир Капија ги повика сите граѓани кои имаат поднесено барања за легализација на бесправно изградени објекти да ја искористат последната законска можност и да ја комплетираат потребната документација до почетокот на март.
Од локалната самоуправа информираат дека постапките за голем број предмети се во прекин поради недоволна или нецелосна документација и дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 3 март 2026 година.
„Ова е последна можност за сите кои имаат поднесено барање, а не ја завршиле постапката, да ги достават потребните документи и да го решат својот статус“, соопштија од Општината.
Оттаму апелираат граѓаните навремено да се обратат во просториите на Општина Демир Капија, да се информираат за состојбата на своето барање и да ја достават дополнителната документација која недостасува.
Доколку тоа не се направи во законскиот рок, барањата ќе бидат одбиени согласно важечките прописи.










