Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Пансионот „Ав ав хепи догс“ продолжува со работа, АХВ даде препораки за чистење и тестирање на милениците

by Redakcija
10.01.2026
in Скопје

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по вонреден инспекциски надзор во пансионот за кучиња „Ав ав хепи догс“ не утврди присуство на заразна болест, туку само издаде препораки за механичко чистење и темелна дезинфекција на објектот. Пансионот ќе остане затворен времено во период од 21 ден, колку што изнесува инкубацискиот период за сомнителната болест.

АХВ им препорача на сопствениците итно да ги преземат своите миленици и да ги тестираат доколку постои сомнеж за заразна болест. Од агенцијата истакнуваат дека законски немаат овластување да утврдуваат од што угинало кучето кое претходно било сместено во пансионот.

Досега ниту еден сопственик не пријавил болест кај своето куче по престојот во пансионот, иако јавноста беше алармирана со сведоштвото на Ана Пејковска, која објави дека нејзиното куче Мајло починало по престој во пансионот. По нејзините објави следеа и други сведоштва од сопственици и поранешна практикантка, кои изнесоа наводи за условите и односот кон животните. Пансионот, пак, негираше присуство на парвовирус и најави правни чекори против, како што велат, лажно информирање.

Од АХВ апелираат до сопствениците на кучиња да ги вакцинираат своите миленици, да ги тестираат при сомнеж за заразна болест и да се информираат исклучиво преку официјалните канали, додека целосната постапка не заврши.

Извор: Skopje1

Next Post

Штипјанец уапсен поради напад врз својот 74-годишен татко

Македонката Екатерина Лазаревска во главната улога на бугарската крими серија „Мамник“

Препорачани Вести

Караптров: Утре започнува асфалтирањето на улиците во Ајдучко Маало

4 months ago

Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за 140 деца од Кисела Вода во Охрид

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.