Додека аеродромите беа преполни, а патувањата скапи и исцрпувачки, Хал Вон од американската сојузна држава Охајо направи нешто што ги воодушеви илјадници луѓе – за само три дена леташе шест пати за да биде покрај својата ќерка Пирс за време на божиќните празници.
Пирс Вон работи како стјуардеса и поради распоредот имала летови на различни линии и во различни градови, без можност да остане на едно место за празниците. Наместо да прифати дека ќе бидат разделени, Хал одлучил да ја следи по нејзините рути – од аеродром до аеродром, од град до град, преку неколку временски зони.
За него не било важно каде ќе слета авионот, туку дека таму ќе ја чека неговата ќерка. Без оглед на заморот, долгите чекори низ терминалите и постојаните безбедносни проверки, таткото не се откажал од својата мисија – Пирс да не го помине Божиќ сама.
Неговата гест покажа дека љубовта не познава растојанија ниту пречки. Во време кога празниците често се сведуваат на пораки и кратки јавувања, приказната за Хал Вон е потсетник дека највредното нешто што можеме да му го дадеме на некого е нашето време и нашето присуство.










