Ски Центар Попова Шапка официјално ја отвора новата зимска сезона утре, 11 јануари 2026 година. За сите љубители на снегот и авантурата, патеките се подготвени и ски-лифтовите ќе работат од 08:45 до 15:00 часот.
Сезонските билети може да се набават директно на билетарата на Попова Шапка. Посетителите се повикуваат да ја подготват својата опрема, да ја соберат екипата и да уживаат во спорт, забава и незаборавни зимски моменти.
Попова Шапка ветува возбудлива сезона на снег и авантура за сите генерации.









