Sunday, January 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

УХМР: Неколку региони во опасност од поплави

by Redakcija
10.01.2026
in Република

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека денес најголема опасност од излевања на реки и појави на заезерување на водата има во југозападните и западните региони на земјата.

Од утринава се забележува зголемување на водостоите на реките Коселска, Сатеска, Ресенска и на помалите суводолници во регионот, каде се можни локални излевања. Во Охридско-Преспанскиот и Струшкиот регион се очекува реакција на помалите реки и суводолници, а во Струшкото Поле може да се појави заезерување на водата поради интеракција на подземните и површинските води.

Висок е водостојот и на реката Вардар во горниот дел од сливот, со можни локални излевања во Гостиварскиот регион и појави на заезерување во Полошката Котлина. Реката Црна во долниот дел од течението исто така е со висок водостој и се очекуваат локални излевања и заезерувања во Пелагониската Котлина и во делови од Битолско-Прилепскиот регион. Во горниот дел на сливот, иако нема значително зголемување на водостојот, можни се заезерувања во Демир Хисарскиот регион.

Реката Треска, исто така, е со висок водостој и се предвидуваат локални излевања и заезерувања во целиот слив, вклучително и во Кичевскиот регион.

УХМР посочува дека врнежите денес ќе бидат од дожд и снег на повисоките места, а на пониските од дожд. Во попладневните часови, по 18:00 часот, се очекува северен ветер и заладување на времето, при што врнежите ќе преминат во снег.

Властите апелираат на внимателно движење покрај реките и суводолниците, особено во југозападните, западните и северозападните делови на земјата.

Next Post

Македонски судии отстранети од ЕП: ЕХФ ги обвини за манипулација со фитнес тестови

Возач на автобус нападнал пензионер - завршил во болница

Препорачани Вести

Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

8 months ago

Градоначалникот Ѓорѓиевски со решителна акција за уредување на Кисела Вода: Се отстрануваат хаварисаните возила!

10 months ago

Популарни Вести

  • Илјадници евра од пензионери за ‘хируршки итни случаи’ – измама во Источна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична за инвеститори кои граделе дивоградба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој автомобил најмалку ќе ве остави на студот: бензинец, дизел или електричен?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француски град на врвот на листата за криминал во Европа, покажува индексот на „Нумбео“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турција, Саудиска Арабија и Пакистан размислуваат за заедничка безбедносна алијанса

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.