Sunday, January 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ШОКАНТНО: Податоците на над 17,5 милиони корисници на Instagram протекоа на Dark Web

by Уредник
11.01.2026
in Свет

Лични податоци на најмалку 17,5 милиони корисници на социјалната мрежа Instagram биле објавени на Dark Web, алармираа истражувачи за сајбер безбедност. Според извештаите, оваа масивна базa со информации веќе се споделува на хакерски форуми и поставува сериозни прашања за безбедноста на податоците на корисниците.


Според фирмата за сајбер безбедност Malwarebytes, базата содржи кориснички имиња, целосни имиња, адреси на е-пошта, телефонски броеви и делумни физички адреси – информации што се доволни за злоупотреби како фишинг, измами со идентификација, SIM-замена или таргетирани напади.


Иако во објавениот материјал не се содржат лозинки, експертите предупредуваат дека комбинацијата од име, е-пошта и телефонски број може да овозможи напади на сметки и обиди за кражба на лични информации.


Според истражувачите, податоците најверојатно потекнуваат од ранливост во системот за API на Instagram од 2024 година, што хакерски актери успеале да го искористат за автоматско собирање на кориснички податоци. Тоа подоцна било објавено на хакерски форуми под назнака INSTAGRAM.COM 17M GLOBAL USERS – 2024 API LEAK“.

Многу корисници пријавиле дека во изминатите денови добиле неочекувани e-пораки за ресетирање на лозинка, што истражувачите го поврзуваат со објавениот податочен сет и активностите на злоупотребувачи кои се обидуваат да добијат пристап до профили.


До сега, компанијата Meta, која е сопственик на Instagram, официјално не потврди дека дошло до пробив во нејзините системи, но предупреди дека почнала да испитува извештаи за неовластени активности и советува корисниците да ги засилат своите безбедносни поставки.


Експертите за безбедност ги повикуваат корисниците да:
ги променат своите лозинки,
вклучат дво-факторска автентикација (2FA),
да бидат внимателни при кликање на линкови доставени по e-пошта или СМС, што може да спречи потенцијални напади и злоупотреби.


Овој инцидент повторно ја отвора дебатата за заштита на личните податоци на социјалните мрежи и нивната одговорност во заштитата на корисниците пред растечките закани од хакерски напади.

Next Post

ДИК: До 15:00 часот излезноста на повторените избори изнесува 18,18%

КРАЈ НА ЦИГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: ДРЖАВАТА ПОДГОТВУВА НАЈСТРОГ ЗАКОН ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО

Препорачани Вести

Божиновска: Македонија со амбициозна енергетска стратегија за зелена транзиција и регионално поврзување

8 months ago
Американски адмирал тврди дека Кина се подготвува за војна, ја откри и нивната воена цел

Американски адмирал тврди дека Кина се подготвува за војна, ја откри и нивната воена цел

8 months ago

Популарни Вести

  • Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје – МВР трага по сторителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Излезноста на повторените избори е малку над 28% до затворањето на гласачките места

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ИРАН ВО ПЛАМЕН: НОВИ СНИМКИ ОД ПРОТЕСТИТЕ ДОДЕКА БРОЈОТ НА ЖРТВИ НАДМИНА 500

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОДРОН НА ПАТОТ ГОСТИВАР-МАВРОВО: ГОЛЕМА КАРПА ПАДНА НА ПАТОТ, СОOБРАЌАЈОТ ВО ОГРАНИЧЕН РЕЖИМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: До 17:00 ч. на повторените избори гласале 32.547 граѓани или 25.39%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.