петок, март 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

УЛОВЕНИ НА ДЕЛО: Рибокрадци од Пештани фатени со над 100 килограми риба од Охридското Езеро

by Уредник
11.01.2026
in Република

Двајца жители на охридското село Пештани се лишени од слобода поради нелегален лов на риба во водите на Охридското Езеро, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 9 јануари 2026 година околу 19:30 часот, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги привеле Д.К. и Н.С., двајцата од Пештани.


За време на засилени контроли и мерки во периодот на мрест и важечка забрана за лов на пастрмка, белвица и јагула, полицијата во координација со рибочуварската служба, на околу 100 метри од брегот кај Пештани, затекнала чамец во кој се наоѓале осомничените.
При извршениот преглед на пловниот објект, биле пронајдени шест рибарски мрежи со вкупна должина од околу 720 метри, во кои имало 585 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 106,8 килограми.


По известување на јавен обвинител и постапување по негови насоки, лицата се лишени од слобода и спроведени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Пронајдените предмети и чамецот се одземени.
Уловот, по извршена проценка од стручни лица од Хидробиолошкиот завод – Охрид, било утврдено дека се наоѓа во фаза на расипување. По насоки на инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, рибата е предадена на Здружението на ловци – Охрид, каде што, во присуство на полицијата, е уништена на соодветна локација.


Надлежните институции најавуваат дека контролите на Охридското Езеро ќе продолжат и во наредниот период со цел заштита на рибниот фонд и природното богатство.

Related Posts

Делови од Тетово и Општина Брвеница утре без струја

05.03.2026

Општина Битола ја модернизира комуналната служба со современа механизација

05.03.2026

Коњановски: „Битола го чува ликот и делото на големите Манаки“

05.03.2026

Костадиноски: Започна пробивањето на патот кој ќе ги поврзе Јегуновце и Тетово

05.03.2026

Коњановски: Голем ракометен спектакл на теренот и на трибините во Битола

05.03.2026

300.000 денари поддршка за здруженија и фондации во Битола

05.03.2026

Препорачани Вести

83-годишник од Битола измамен од лажен лекар за 10.000 евра

1 недела ago

Утре делови од Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе бидат без електрична енергија

3 недели ago

Популарни Вести

  • Европол алармира на ризици од тероризам поради конфликтот во Иран

    Европол алармира на ризици од тероризам поради конфликтот во Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските државјани пристигнаа од Израел преку Египет со владиниот авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Речиси 200 деца загинаа по американско-израелскиот напад врз Иран, соопшти УНИЦЕФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекини на струја и вода во делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно време денес, температури до 19 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.