Sunday, January 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

УЛОВЕНИ НА ДЕЛО: Рибокрадци од Пештани фатени со над 100 килограми риба од Охридското Езеро

by Уредник
11.01.2026
in Република

Двајца жители на охридското село Пештани се лишени од слобода поради нелегален лов на риба во водите на Охридското Езеро, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 9 јануари 2026 година околу 19:30 часот, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги привеле Д.К. и Н.С., двајцата од Пештани.


За време на засилени контроли и мерки во периодот на мрест и важечка забрана за лов на пастрмка, белвица и јагула, полицијата во координација со рибочуварската служба, на околу 100 метри од брегот кај Пештани, затекнала чамец во кој се наоѓале осомничените.
При извршениот преглед на пловниот објект, биле пронајдени шест рибарски мрежи со вкупна должина од околу 720 метри, во кои имало 585 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 106,8 килограми.


По известување на јавен обвинител и постапување по негови насоки, лицата се лишени од слобода и спроведени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Пронајдените предмети и чамецот се одземени.
Уловот, по извршена проценка од стручни лица од Хидробиолошкиот завод – Охрид, било утврдено дека се наоѓа во фаза на расипување. По насоки на инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, рибата е предадена на Здружението на ловци – Охрид, каде што, во присуство на полицијата, е уништена на соодветна локација.


Надлежните институции најавуваат дека контролите на Охридското Езеро ќе продолжат и во наредниот период со цел заштита на рибниот фонд и природното богатство.

Next Post

Google Gemini воведе нова функција „Guided Learning“ – учење чекор по чекор како со личен тутор

Силување, снимање и уцена во Липково: Малолетничка принудена да собира 20.000 евра за да молчи

Препорачани Вести

Почит кон хероите: Армијата и Министерството за одбрана одбележаа 24 години од загинувањето на резервистите кај Љуботенски бачила

Почит кон хероите: Армијата и Министерството за одбрана одбележаа 24 години од загинувањето на резервистите кај Љуботенски бачила

5 months ago
На возачите не им иде паметот: Полицијата викендов напишала 1570 казни, еве за што најмногу се казнувало

На возачите не им иде паметот: Полицијата викендов напишала 1570 казни, еве за што најмногу се казнувало

9 months ago

Популарни Вести

  • КОСОВО ЗАПОЧНУВА ПРОИЗВОДСТВО НА ВОЕНИ ВОЗИЛА (ШОТА) ВО СОРАБОТКА СО АЛБАНИЈА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада одбива да се приклучи на иницијативата за забрана на социјалната мрежа X

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МФ: Вкупната поддршка на домашната економија достигна 224,3 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КРАЈ НА ЦИГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: ДРЖАВАТА ПОДГОТВУВА НАЈСТРОГ ЗАКОН ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: До 15:00 часот излезноста на повторените избори изнесува 18,18%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.