Monday, January 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок

by Redakcija
12.01.2026
in Економија, Топ Вести

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е значително намалена и во поголем дел од маркетите е вратена на нивото од пред големото поскапување забележано во ноември минатата година. Потрошувачите веќе можат да ги купат јајцата по пониски цени, при што таблите се поевтинети за десетици денари.

Во дел од продажните ланци табла од 30 јајца која до вчера се продавала за околу 370 денари, денес чини 279 денари, што е намалување од речиси 100 денари. Кај помалите пакувања, таблата од 10 јајца која се продавала за 135 денари, сега се нуди за 99 денари. Намалувањето кај поголемите табли изнесува од 60 до 80 денари, додека кај помалите од 30 до 40 денари.

Добавувачите најавуваат дека дел од маркетите допрва ќе ги коригираат цените во наредните денови, па се очекува поевтинувањето да стане уште поизразено и пошироко присутно на пазарот.

Цените на јајцата драстично пораснаа кон средината на ноември 2025 година, кога во рок од неколку дена беше регистриран раст од 20 до 30 проценти. Тогашното поскапување предизвика незадоволство кај граѓаните, бидејќи јајцата се основна намирница во секојдневната исхрана.

Со денешното намалување, пазарот практично се враќа на состојбата пред тој ценовен шок, што за многу семејства значи олеснување на месечниот буџет и поевтино снабдување со една од најчесто користените прехранбени намирници.

Next Post
arijan ibraim

Аријан Ибраим повторно на чело на Центар Жупа – четврти мандат по ред

Директорката Веселиноска открива: Полициска акција поради незаконски исплати во Тетово

Препорачани Вести

Дали оваа држава е следна мета? „Постои опасност Русија да започне напади. Би биле немоќни“

4 months ago

Трогателни сведоштва од снимањето на филмот: Страдањата на Исус Христос

10 months ago

Популарни Вести

  • „Оне Македонија“ е избран за трет мобилен оператор во државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач удрил полицаец и избегал – МВР со брза реакција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Македонија се измерени минус 25 степени!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Случајна среќа: Пензионер со деменција доби 1,2 милиони долари на слот машина мислејќи дека е апарат за пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција на граничен премин – Откриен бункер во камион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.