На 12.01.2026 година во 00:20 часот во Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Ќ.(19) од Штип. Тој бил пријавен од неговиот зет Л.Д.(18) од Штип со привремен престој во Тетово, дека по вербална расправија во неговиот дом истиот физички го нападнал. С.Ќ. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.









