Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Аријан Ибраим повторно на чело на Центар Жупа – четврти мандат по ред

by Redakcija
12.01.2026
in Македонија
arijan ibraim

Аријан Ибраим и во следните четири години ќе ја предводи општина Центар Жупа, откако денеска на повторените избори ја потврди довербата на граѓаните. Овој мандат е негов четврти последователен на чело на локалната самоуправа.

Според изјавата на претседателот на Општинската изборна комисија, Неџип Илјаз, денешниот изборен ден поминал мирно и без никакви инциденти. Од вкупно 7.652 запишани гласачи, право на глас оствариле 1.003 граѓани. Ибраим добил убедливи 973 гласа, додека 30 ливчиња биле неважечки.

Ибраим е кандидат на Демократската партија на Турците, а изборниот резултат го поддржала и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Првпат за градоначалник бил избран на локалните избори во 2013 година и од тогаш ниту еднаш не бил поразен.

Роден и пораснат во Центар Жупа, Ибраим го завршил основното образование во своето родно место, а средното во медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово. Дипломирал на Економскиот факултет при државниот универзитет во Афјон, Турција, а магистерски студии завршил на Универзитетот во Истанбул, во насока меѓународно право.

На претходните избори, одржани на 19 октомври 2025 година, Ибраим добил 950 гласа, што е трипати повеќе од вкупниот број на противкандидати. Меѓутоа, поради неисполнет цензус од 33,33 отсто од запишаните гласачи, изборот мораше да се повтори, како што се случи и на локалните избори во 2021 година.

Портпаролката на Државната изборна комисија, Радица Тодоровска-Алексовска, најави дека утре ќе бидат објавени првичните официјални резултати за сите четири општини каде што се гласа денеска, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

Next Post

Директорката Веселиноска открива: Полициска акција поради незаконски исплати во Тетово

timco mucunski

Муцунски на состанок со лидерите на „Македонија 2025“

Препорачани Вести

Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци во Италија – повредени и уапсени по конфликт

4 weeks ago

Израелскиот министер Саар: Донесовме историска и тешка одлука, немавме избор

8 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.