недела, април 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Кучиња со албански маркички на скопските улици: „Анима Мунди“ бара итна реакција за шверцот со животни

by Simovski
12.01.2026
in Скопје
kucinja

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ излегува со сериозно и вознемирувачко јавно предупредување: во Скопје, според нив, се одвива организирана и добро координирана операција за нелегално внесување и дислокација на кучиња, што претставува и суровост кон животните и директна закана по јавната безбедност.

Како што информираат од здружението, во општина Карпош во изминатите денови ненадејно се појавила цела нова глутница кучиња. Станува збор за животни кои граѓаните не ги препознаваат, кои не биле дел од постоечката улична популација и кои, според сведоштвата од терен, се појавиле буквално преку ноќ. Дополнително загрижува фактот што кучињата се нестерилизирани и необележани, што, според „Анима Мунди“, недвосмислено укажува дека не станува збор за природен прираст, туку за насилно преместување.

„Одговорно тврдиме дека ова е организирано внесување кучиња. ЈП ‘Лајка’ нема ниту оставено, ниту испуштено ваква бројка нестерилизирани и необележани животни на ниту една локација во Скопје. Луѓето со години ги познаваат кучињата во своите маала – овие не се тие“, велат од здружението.

Ситуацијата добива уште посериозна димензија откако активисти на „Анима Мунди“ на терен пронашле кучиња со ушни маркици од Република Албанија, слободно пуштени на улиците на Скопје. Овој наод, според нив, отвора сомнеж за нелегален, па дури и прекуграничен транспорт и напуштање на животни – кривично дело кое досега очигледно поминувало без санкции.

Од здружението бараат итна реакција од институциите. Конкретно, тие повикуваат на целосна проверка на сите јавни и приватни безбедносни камери на локациите каде што кучињата се појавиле, како и на влезно-излезните правци кон главниот град. Очекуваат МВР и Јавното обвинителство да утврдат кој стои зад транспортот, од каде потекнуваат животните и кој ги истовара на улиците на Скопје.

„Ова не е изолиран инцидент, туку логистички испланирана активност. Масовното напуштање и дислокација на кучиња е суровост, но и сериозна општа опасност“, предупредуваат од „Анима Мунди“.

Здружението потсетува дека со години алармира за законските празнини и институционалната незаинтересираност. Тие веќе поднеле конкретни предлози за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, со цел построго регулирање на сопствеништвото на кучиња, како и измени на Кривичниот законик, со кои напуштањето миленик, суровоста и предизвикувањето општа опасност би се третирале како кривични дела – по примерот на Хрватска.

Паралелно, „Анима Мунди“ упатува итен јавен апел до ЗЕЛС, со барање ова прашање да се отвори на ниво на сите градоначалници. Според нив, секоја општина мора да ја третира проблематиката со уличните кучиња на хуман и законски начин – преку масовна стерилизација, прецизна евиденција и строги санкции за секој облик на незаконско дислоцирање.

„Ниту ‘Лајка’, ниту кое било јавно претпријатие не може самостојно да го реши овој проблем, сè додека институциите молчат, а криминалот се толерира“, порачуваат од здружението, додавајќи дека одговорноста овојпат мора да има име и презиме.

Related Posts

Меџити: Градиме платформа за зајакнување на женското лидерство

05.04.2026

Затворен потегот од Стара Рампа до Црвен Крст во Скопје –- сообраќајот пренасочен по алтернативни рути

05.04.2026

Горан Герасимовски ја зајакнува соработката со Стари Град, Белград во култура, спорт и образование

04.04.2026

Скопје под посебен сообраќаен режим во недела

03.04.2026
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Делови од Скопје денес без струја

03.04.2026

Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

02.04.2026

Препорачани Вести

Швајцарската полиција го приведе сопственикот на изгорениот бар

3 месеци ago

Истражување на EduBirdie: Младите од Генерацијата Z повеќе го сакаат спиењето отколку секс со партнерот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • СРПСКАТА ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА НА НОЗЕ: Пронајден експлозив со разорна моќ кај Кањижа покрај гасоводот „Балкански тек“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗОШТО КАТОЛИЦИТЕ И ПРАВОСЛАВНИТЕ ЧЕСТО НЕ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН НА ИСТ ДЕН?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ученици од Битола го разубавуваат градот: Сивиот ѕид кај Црн Мост станува уметност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали за владината интервенција: Намалени акцизи и замрзнат ДДВ – дизелот спречен да скокне над 102 денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Детали од акцијата „Градско“: Полицијата заплени 65 кг марихуана и уапси две лица како во филмска потера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.