На 12.01.2026 година во 01:20 часот на ул.,,Маршал Тито“ кај бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Л.Б.(35) од Тетово, затоа што при преглед кај него бил пронајден и одземен остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок согласно член 80 од Законот за оружје.









