На 11.01.2026 година во 13:00 часот на ул. ,,Боро Вулиќ“ во Тетово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го приведоа Ш.М.(52) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон нив и ги омаловажувал додека извршиле службени дејствија. Ш.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.









