Monday, January 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп формира „Одбор за мир“ за Газа – ЕУ изоставена од составот

by Redakcija
12.01.2026
in Свет
trump fon der lajen

Американскиот претседател Доналд Трамп најави формирање на „Одбор за мир“ кој ќе ја надгледува обновата и управувањето на Појасот Газа по војната, но Европската Унија засега останува надвор од играта. Според информации на лондонскиот „Тајмс“, во составот на одборот се очекува да се најдат европски лидери како францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, но нема да има посебно место за ЕУ како блок.

Ова предизвика незадоволство во Брисел, особено откако ЕУ уште од усвојувањето на Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на ОН во ноември 2025 година изрази интерес за учество. Резолуцијата го задолжи „Одборот“ да ја поддржи администрацијата, економското закрепнување и реконструкцијата на Газа.

Еврокомесарката за Медитеранот, Дубравка Шуица, уште тогаш нагласи дека ЕУ како најголем донатор и најблизок сосед на Палестинската автономна управа заслужува место во транзициското тело предложено од Трамп. „Ако зборуваме за фер-плеј, сигурно треба да имаме место во овој одбор“, рече таа еден ден по усвојувањето на резолуцијата.

Според најновите информации, Трамп сè уште не предвидува застапеност на ЕУ во составот, што медиумите во Брисел го оценуваат како нов „непријатен сигнал“. Ова е особено контрастно со фактот дека ЕУ моментално останува најголемиот финансиски поддржувач на Палестинската автономна управа, која би требало да го преземе управувањето со Газа според планот на американскиот претседател.

„Одборот за мир“ ќе го предводи поранешниот бугарски министер за надворешни работи и одбрана, европратеник и поранешен специјален претставник на ОН за Блискоисточниот мировен процес и Ирак, Николај Младенов. Според американскиот портал „Аксиос“, полноправните членови на одборот ќе бидат објавени во текот на оваа недела и се очекува да вклучуваат околу 15 светски лидери, меѓу кои и од Велика Британија, Египет, Катар, Саудиска Арабија и Турција.

Next Post

Апсењe во Клиничката болница Тетово - МВР со детали од настанот

Полициска акција на граничен премин - Откриен бункер во камион

Препорачани Вести

Беџети ја напушти функцијата координатор на на пратеничка група

2 months ago
Владата го исполни ветувањето: Линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, еве колку изнесува во моментов просечната пензија во Македонија

Владата го исполни ветувањето: Линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, еве колку изнесува во моментов просечната пензија во Македонија

9 months ago

Популарни Вести

  • Грчките фармери ја одбиваат понудата за дијалог со владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали стартот на „Сејф сити“ ќе биде пролонгиран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кучиња со албански маркички на скопските улици: „Анима Мунди“ бара итна реакција за шверцот со животни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Оне Македонија“ е избран за трет мобилен оператор во државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.