Полицијата вчера во 18:40 часот на наплатната станица Преод го приведе Б.П. (68) од Струмица.
Според информациите од МВР, околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, полициски службеници го сопреле Б.П., кој управувал патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки, за легитимирање. При обидот за легитимација, возачот го стартувал возилото и удрил полициски службеник, по што го напуштил местото на настанот.
Лицето подоцна било пронајдено и приведено на наплатната станица Преод.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.










