На 12.01.2026 во 17:40 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Х.М.(37) од с.Врановци, гостиварско, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. При преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,97 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.









