Шампионот на есенскиот дел од сезоната, ФК Вардар, утрово отпатува за Турција, каде во Сиде ќе спроведе интензивни тринеделни подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.
Откако ја завршија првата фаза од подготовките во Скопје, „црвено-црните“ се преселија во потоплите краишта, со цел да ги искористат идеалните услови за интензивна работа и физичка кондиција.
Во меѓувреме, веќе се познати и првите контроли. Во четврток Вардар ќе ги одмери силите со чешки Јаблонец, а по него следуваат дуели со полскиот Мотор Љубин, рускиот Ахмат Грозни, екипата од Махачкала и ерменскиот Алашкерт. За 20 јануари клубот сè уште бара противник за дополнителен тест-натпревар.









